Полициски службеници приведоа 42-годишен жител на Гостивар по пријава за семејно насилство.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, А.З. бил лишен од слобода вчера околу 15:30 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар.
Претходно било пријавено дека тој во семејниот дом физички ја нападнал својата 38-годишна сопруга.
Осомничениот бил задржан во полициска станица, а надлежните работат на целосно документирање на настанот.
Од СВР Тетово информираат дека по расчистувањето на сите околности против 42-годишникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.







