Пожар избувна денеска на регионалниот пат Струмица–Валандово, при што се запали приколка од камион.
Според информациите од Територијалната противпожарна единица Струмица, дојавата била примена во 14:20 часот, по што на местото веднаш биле испратени две противпожарни возила и пет пожарникари-спасители.
Благодарение на брзата интервенција, пожарот бил ставен под контрола и целосно изгаснат за кратко време по пристигнувањето на екипите на терен.
Засега нема информации за повредени лица, ниту за причините што довеле до избувнување на пожарот.
Од ТППЕ Струмица информираат дека пожарот е успешно ликвидиран и дека е спречено негово понатамошно ширење, со што е избегната поголема материјална штета и евентуална опасност за останатите учесници во сообраќајот.
Надлежните служби работат на утврдување на околностите под кои дошло до инцидентот.






