Пред Окружниот суд во швајцарскиот град Билах се води постапка против Иван Т. (74), кој е обвинет дека на извонредно брутален начин ги убил својата сопруга Весна Т. (68) и ќерката Сања М. (49). Злосторството се случило на 17 февруари 2025 година, во 7:10 часот наутро, во нивниот семеен дом во Билах, близу Цирих. За време на нападот, тој употребил кујнски нож со должина од 33,5 сантиметри. На сопругата ѝ нанесол 84 убодни рани, додека ќерката ја избодел дури 129 пати. Двете жени починале од ектремно крварење и срцев застој, а описот на повредите зафаќа речиси десет страници од обвинението.
Психијатриското вештачење покажало дека Иван Т. страда од тешко психичко растројство и деменција, поради што е прогласен за кривично неодговорен и процесно неспособен. Тој бил убеден дека сопругата и лекарите го трујат со погрешни лекови, а верувал и дека сопругата има друг партнер. Дополнително штипa податокот дека лекарите претходно ѝ препорачале на фамилијата тој да биде сместен во соодветна установа, но тие го вратиле дома, по што по само пет дена се случило убиството.
Обвинетиот не се појави во судницата поради напреднатата деменција и моментално се наоѓа во затворено одделение во психијатриска болница. Обвинителството бара доживотно сместување во затворена установа сметајќи дека е трајно опасен за околината, додека одбраната бара стационарно лекување тврдејќи дека тој е мирен и целосно зависен од туѓа нега. Семејството на убиените жени поднесе барање за отштета во износ од 700.000 швајцарски франци.








