ПРВ.мк
Црна Хроника

БРУТАЛНО РАЗБОЈНИШТВО ОД ЖЕНА ВО МАКЕДОНИЈА: Влегла во дом на 81-годишен старец го нападнала и украла пари!

БРУТАЛНО РАЗБОЈНИШТВО ОД ЖЕНА ВО МАКЕДОНИЈА: Влегла во дом на 81-годишен старец го нападнала и украла пари!

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.О. (40) од струшкото село Октиси поради сомнение дека сторила кривично дело „разбојничка кражба“.

Според пријавеното, инцидентот се случил на 28 август годинава во едно струшко село. Л.О. влегла во домот на 81-годишен жител, по што физички го нападнала и му одзела пари.

По добиените сознанија и преземените мерки, полициските службеници од ОВР Струга успеале да ја пронајдат 40-годишната жена.

Таа била приведена од страна на полицијата, а против неа е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено дело „разбојничка кражба“.