ПРВ.мк
Црна Хроника

Брутален напад: 22-годишник завршил во болница по удар во глава

Брутален напад: 22-годишник завршил во болница по удар во глава

Четириесет и едногодишен маж е задржан поради сомнение дека тешко повредил 22-годишник во инцидент што се случил во белградската Скадарска улица.

Според информациите од обвинителството, осомничениот А.Ј. на 8 јуни околу полноќ му пришол одзади на младиот Д.Ќ. и му задал удар во пределот на главата. Од ударот, момчето паднало на калдрмата, изгубило свест и се здобило со повреди.

При приведувањето кај осомничениот била пронајдена и наркотична дрога, за која постои сомнение дека неовластено ја поседувал за лична употреба.

По сослушувањето, обвинителството побарало од судот да му биде одреден притвор, оценувајќи дека постои опасност на слобода повторно да изврши кривично дело.

Во текот на истрагата ќе бидат сослушани оштетениот и сведоците на настанот, а ќе бидат извршени и потребните вештачења за целосно расчистување на случајот.