Во тек е координирана акција во Арачиново за спречување и одземање на нелегално исечени огревни дрва, информира заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов.
Во акцијата учествуваат екипи од Министерство за внатрешни работи, Шумска полиција – Скопје, како и Подружницата за шумско стопанство „Бабуна“ – Велес.
Според објавата, на терен се одземаат количини огревни дрва за кои постои сомнение дека се нелегално исечени и транспортирани од подрачјето на Арачиново.
Засега нема официјални податоци за количината на одземеното дрво, ниту информации дали во акцијата има приведени лица.






