ПРВ.мк
Црна Хроника

Драма во приватна фирма во Скопје – пријавен напад меѓу колеги!

Драма во приватна фирма во Скопје – пријавен напад меѓу колеги!

Во СВР Скопје е пријавен инцидент што се случил на работно место во приватна фирма во село Кадино, општина Илинден.

Според пријавата, 27-годишниот Ф.С. од Куманово пријавил дека бил физички нападнат од неговиот колега Д.П. во текот на работниот ден, околу 14:40 часот.

Инцидентот се случил во просториите на фирмата, по што случајот бил пријавен во полиција.

Надлежните органи преземаат мерки за целосно документирање на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок против лицето за кое се тврди дека го извршило нападот.

Случајот е во понатамошна постапка, а околностите околу инцидентот дополнително се утврдуваат.