ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕМЕЈНА ТРАГЕДИЈА: Татко го избодел својот 12-годишен син

СЕМЕЈНА ТРАГЕДИЈА: Татко го избодел својот 12-годишен син

Во населбата Санита, во близина на Неапол, се случила тешка семејна драма во која 12-годишно момче било сериозно повредено.

Според првичните информации од италијанските медиуми, детето било двапати избодено во градите од својот татко, најверојатно за време на жестока расправија во домот. По нападот, таткото се обидел да си го одземе животот, нанесувајќи си повреди во пределот на вратот и лицето.

Во обид да го заштити своето дете, мајката исто така била повредена, при што се здобила со повреди на раката. Дополнително, според полициските извештаи, напаѓачот наводно нападнал и медицинска сестра од брзата помош која пристигнала да помогне.

Повреденото момче итно било пренесено во болницата Векио Пелегрини, каде што му биле констатирани сериозни повреди на левиот бел дроб. Во истата болница е хоспитализиран и таткото. Лекарите информираат дека двајцата се во критична состојба.

Алармот за настанот го кренале соседите, кои слушнале силни вресоци од куќата и веднаш повикале итна помош.

Локалната полиција започнала истрага со цел да ги утврди сите околности и причини за оваа трагедија која ја потресе јавноста.