ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА Е ИСЧЕЗНАТАТА ДРАГАНА – Тело пронајдено на опожареното подрачје

СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА Е ИСЧЕЗНАТАТА ДРАГАНА – Тело пронајдено на опожареното подрачје

Eдно лице загинало, а повеќе од 40 луѓе биле повредени во големиот пожар што од подрачјето на Локва Рогозница се проширил кон Омиш, јавуваат хрватските и регионалните медиуми.

При пребарување на опожареното подрачје околу 13 часот било пронајдено тело на помлада личност. Полот и идентитетот сè уште не биле официјално утврдени, а се проверува дали станува збор за исчезнатата Драгана Антешевиќ, по која се трагало за време на пожарот.

Според сведоштва што ги пренесува RTL Danas, лицето наводно се наоѓало во автомобил со уште две жени на Јадранската магистрала кај Мала Лука. Кога пламенот ги опколил, тие излегле од возилото и се обиделе да се спасат.

Една личност, според овие информации, не успеала да излезе од огнениот обрач, додека другите две жени се спасиле, но наводно се здобиле со тешки повреди.

Во пожарот биле загрозени голем број куќи и други објекти, поради што биле евакуирани жители и туристи.

Според последните информации наведени во изворот, осум од повредените се во тешка состојба.

Надлежните продолжуваат со утврдување на идентитетот на пронајденото тело и со истрагата за сите околности на трагедијата.