ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Делови од возила расфрлани по автопат!

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Делови од возила расфрлани по автопат!

Тешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот кај Пеќинци во правец кон Белград, при што дошло до сериозен судир на возила.

Според првичните информации, делови од возилата биле расфрлани по коловозот, а едно од нив удрило и во заштитната банкина, што дополнително ја комплицирало ситуацијата на патот.

Состојбата на учесниците во несреќата засега не е позната, а на местото веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош кои укажуваат помош и ја проценуваат состојбата.

Поради несреќата, на оваа делница се создадени големи застои и гужви, што дополнително го отежнува движењето на возилата.

Од надлежните служби апелираат до возачите на максимална внимателност, бидејќи коловозот е многу лизгав. Се препорачува прилагодување на брзината и зголемено внимание при возење на овој потег.