ПРВ.мк
Црна Хроника

Познато е која генерација прва ќе служи војска

Познато е која генерација прва ќе служи војска

Србија се подготвува повторно да го воведе задолжителното служење на воениот рок по речиси 16 години пауза. Според најавите, првите повици ќе бидат испратени во октомври до младите родени во 2006 година, откако ќе бидат усвоени потребните законски измени.

Пред упатувањето во касарните, регрутите ќе поминат низ детални медицински, физички и психолошки прегледи, по што ќе се утврди нивната способност за воена служба. Првата генерација треба да започне со обука во март следната година, а се очекува во првата класа да бидат повикани околу 5.000 регрути.

Новиот воен рок ќе трае 75 дена и ќе биде поделен во три фази. Во првите 30 дена ќе се спроведува основна пешадиска и теоретска обука, следните 30 дена ќе бидат посветени на специјализирана и тимска обука, а последните 15 дена регрутите ќе поминат на теренска обука во услови што симулираат реални ситуации.

За лицата кои ќе поднесат приговор на совест е предвидена алтернативна служба во траење од 155 дена. Тие нема да ракуваат со оружје, туку ќе извршуваат логистички, медицински и други задачи во рамките на воените објекти.

По завршувањето на обуката, регрутите ќе бидат распоредени во резервниот состав на Војската на Србија и повремено ќе бидат повикувани на дополнителни вежби.