ПРВ.мк
Црна Хроника

Акција на полицијата во Тетово: Четири лица приведени по претреси - еве што се е пронајдено!

Акција на полицијата во Тетово: Четири лица приведени по претреси - еве што се е пронајдено!
Kristal

На 14.03.2026 година, полициски службеници од СВР Тетово извршиле два одвоени претреса со судска наредба, при што биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела, а вкупно четири лица биле лишени од слобода.

Првиот претрес бил извршен во 11:45 часот во автомобилска работилница на Б.И. (35) од Тетово. При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Покрај Б.И., приведени биле и Д.А. (27) од селото Мала Речица и С.Р. (30) од селото Долно Палчиште. Овој случај е поврзан со пријава дека ноќта меѓу 12 и 13 март во Тетово било опожарено патничко возило „фолксваген туарег“.

Вториот претрес бил извршен во 15:55 часот во дом и помошни простории кај И.Б. (43) од Тетово. При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, по што И.Б. бил лишен од слобода. Овој случај е поврзан со пријава дека во Ургентниот центар во Тетово бил примен пациент со убодни рани од остар предмет.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни кривични пријави.

Извор: Скопје1.мк

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo