ПРВ.мк
Црна Хроника

ФИЛМСКА СЦЕНА ВО ЦЕНТАР: Тинејџер со „Порше“ бегал од вооружена група - полицијата откри страшни детали!

ФИЛМСКА СЦЕНА ВО ЦЕНТАР: Тинејџер со „Порше“ бегал од вооружена група - полицијата откри страшни детали!
Kristal

Синоќа, десет минути по полноќ, во строгиот центар на Скопје се одвивала вистинска драма, кога 19-годишен возач на луксузен автомобил „Порше“ бил мета на вооружен напад. Нападот завршил со оштетени возила и бегство на напаѓачите.

Инцидентот бил пријавен во полиција од страна на самиот возач, А.Б. (19), рано утринава, околу 04:20 часот.

Според пријавата, околу 00:10 часот, додека момчето управувало своето „Порше“ со скопски таблички, на патот изненадно му се појавиле две возила, кои го блокирале. Од автомобилите излегле неколку лица кои веднаш упатиле закани и го нападнале тинејџерот, вперувајќи пиштол кон него. Еден од напаѓачите со рачката од пиштолот удрил по автомобилот, скршувајќи го ветробранското стакло.

Во обид да избега од нападот и да се спаси, А.Б. удрил во паркирано товарно возило, по што успеал да го напушти местото на настанот.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдуваат дека случајот е пријавен и дека полициските екипи преземаат мерки за идентификување на напаѓачите и целосно расчистување на овој насилен инцидент.

FixCredit
Escape