ПРВ.мк
Црна Хроника

Апсење на аеродромот во Скопје – полицијата го чекала при пасошка контрола!

Апсење на аеродромот во Скопје – полицијата го чекала при пасошка контрола!

Турски државјанин е приведен на Меѓународниот аеродром Скопје откако при рутинска пасошка контрола било утврдено дека се бара поради претходен инцидент во азилантски центар.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 4 јуни 2026 година во 17:10 часот полициски службеници го лишиле од слобода Џ.Б. (27) од Турција.

При проверка во оперативните евиденции било констатирано дека за него била распишана телеграма од Полициската станица Чаир.

Лицето се сомничи дека на 3 јуни во Прифатниот центар за баратели на азил во селото Визбегово учествувало во нарушување на јавниот ред и мир, при што дошло до физичка пресметка со А.С. (26), исто така државјанин на Турција и барател на азил.

По приведувањето, Џ.Б. бил спроведен во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.