Во таборот на Реал Мадрид расте тензија околу иднината на Килијан Мбапе, откако претседателот Флорентино Перез планира директна средба со француската ѕвезда, објавува „Ас“.
Целта на разговорот, според информациите, е да се добие јасна слика за тоа како Мбапе ја гледа својата улога и иднина во клубот во следната сезона. Во Мадрид постои чувство дека ситуацијата станува сè посензитивна, особено по неодамнешните јавни изјави кои предизвикаа дополнителни тензии во тимот.
Во целиот контекст се спомнува и размената на ставови меѓу Мбапе и тренерот Алваро Арбелоа, што дополнително ја засилува атмосферата на неизвесност околу францускиот напаѓач.
Клубот, според изворите, е загрижен за одредени случувања надвор од теренот и смета дека Мбапе во одредени моменти делува одвоено од тимската динамика. Дел од соиграчите наводно не разбираат дел од неговите потези, кои според нив можеле да бидат избегнати за доброто на колективот.
И покрај сè, управата на Реал Мадрид и понатаму го гледа Мбапе како клучен играч и една од најважните фигури во проектот. Сепак, јасната порака од врвот е дека никој не е незаменлив, потсетувајќи на претходните големи промени по заминувањето на легенди како Кристијано Роналдо и Серхио Рамос.
Состанокот се очекува да биде клучен за насоката во која ќе се движи иднината на една од најголемите фудбалски приказни во моментов.








