ПРВ.мк
Црна Хроника

КОНЦЕРТОТ СЕ ПРЕТВОРИ ВО КРВАВА ДРАМА: Скопјанец избоден и претепан со боксирач - ова се деталите!

КОНЦЕРТОТ СЕ ПРЕТВОРИ ВО КРВАВА ДРАМА: Скопјанец избоден и претепан со боксирач - ова се деталите!
Kristal

Инцидент со елементи на сериозно насилство бил пријавен до СВР Скопје по концерт одржан во спортскиот центар „Јане Сандански“. Според официјалната пријава, на 27.12.2025 година во 00:20 часот, К.С. (39) од Скопје се обратил до полицијата, наведувајќи дека неколку часа претходно бил физички нападнат.

Како што е пријавено, на 26.12.2025 година околу 22:10 часот, за време на концертот, К.С. бил нападнат од лицето Д.К., кое, според неговите наводи, му се заканувало со остар предмет. Во нападот учествувало и уште едно машко лице, кое употребило боксирач, со што ситуацијата добила дополнително опасна димензија.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат сите потребни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, утврдување на сите околности и идентификација на инволвираните лица.

FixCredit
Escape