Седум лица загинаа, а 11 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Тарсус-Адана-Газијантеп во турскиот град Османије. Несреќата се случила во населбата Бахче, кога патнички автобус, кој сообраќал од Измир кон Газијантеп, удрил во задниот дел од камион кој застанал на патот поради пукната гума.
Автобусот го управувал 42-годишниот А. А., додека камионот го возел 52-годишниот Х. К. На местото на настанот веднаш интервенирале полицијата и службите за итна помош. Повредените се префрлени во локалните болници за укажување на медицинска помош, додека истрагата за причините за несреќата е во тек.

















