Полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце го лишиле од слобода 30-годишен скопјанец, по пријава дека ја вознемирувал и следел својата поранешна партнерка.
Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен од 30-годишна жена од Тетово со која претходно биле во врска. Таа навела дека осомничениот во текот на денот во неколку наврати ја следел и ѝ се приближувал, при што инсистирал повторно да ја обноват врската.
Полицијата постапила по пријавата и го привела лицето С.К. (30) од Скопје. По неговото лишување од слобода, тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
Од надлежните институции информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.








