ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагична несреќа: Хеликоптер се урна - ова е моменталниот број на загинати!

Трагична несреќа: Хеликоптер се урна - ова е моменталниот број на загинати!
Kristal

Хеликоптер се урна на планината Килиманџаро во Танзанија, при што животот го загубија пет лица, соопшти денеска Цивилната воздухопловна управа на земјата. Според локалните медиуми, леталото било на мисија за медицинско спасување.

Жртвите се водич и лекар од Танзанија, пилот од Зимбабве и двајца туристи од Чешка, соопштија Националните паркови на Танзанија. Несреќата се случила вчера во близина на кампот Барафу, на надморска височина од околу 4.700 метри.

Килиманџаро е највисокиот врв во Африка, со височина од речиси 6.000 метри, и популарна дестинација за планински туризам и експедиции, што ја прави безбедноста на леталата во овој регион особено критична.

FixCredit
Escape