Шокантен инцидент ја потресе турската престолнина Анкара, каде по семејна расправија маж ја држел својата тригодишна ќерка како заложник и ѝ се заканувал од прозорец на станбена зграда дека ќе ја фрли.
Според информациите од местото на настанот, по расправија со сопругата, мажот идентификуван како М.Д. вооружен со нож ја држел девојчето на работ од прозорец во стан во населбата Пијаде. Ситуацијата веднаш предизвикала паника кај соседите кои ја повикале полицијата.
На местото биле испратени специјални полициски единици, противпожарна служба и итна медицинска помош. Преговарачки тим се обидувал со часови да го убеди мажот да се предаде и да го ослободи детето, но без успех.
Кога ситуацијата ескалирала и животот на детето бил директно загрозен, специјалците интервенирале и го неутрализирале напаѓачот со огнено оружје. По интервенцијата, детето било спасено живо.
Во официјалното соопштение од полицијата во Анкара се наведува дека интервенцијата била извршена поради сериозна закана по животот на детето и покрај повеќекратните обиди за мирно решавање на кризата.
За време на акцијата било повредено и службено полициско куче, кое моментално е на лекување. Надлежните институции најавија дека истрагата за целиот случај продолжува.
Инцидентот предизвика силни реакции во јавноста поради неговата драматичност и фактот што детето било ставено во екстремна опасност.






