ПРВ.мк
Црна Хроника

Хорор во Скопје: Масивен дел од фасада се урна врз паркирани возила!

Хорор во Скопје: Масивен дел од фасада се урна врз паркирани возила!

Масивен дел од фасадата на десеткатница на улицата „Јуриј Гагарин“ број 33 во скопската населба Аеродром денеска попладне се одронил и паднал врз три паркирани автомобили.

Инцидентот се случил околу 16:20 часот, кога големи парчиња од фасадата се урнале од зградата и предизвикале материјална штета на возилата. Според првичните информации, нема повредени лица.

Жителите велат дека ова не е прв ваков случај. И минатата година на истата зграда дошло до одронување на фасадата, поради што повторно се отвора прашањето за безбедноста на објектот и потребата од итна санација.

Очекувањата се надлежните служби да извршат увид и да ги утврдат причините за новото одронување, како и да преземат мерки за да се спречат нови инциденти што би можеле да ги загрозат граѓаните и нивниот имот.