Во Париз, во 11-тиот арондисман, се урна петтиот кат од станбена зграда врз четвртиот кат, додека во станот се одржувала забава со околу 50 лица. Како резултат на несреќата, 20 лица се повредени, од кои едно лице е тешко повредено и имало срцев удар, додека 19 претрпеле полесни повреди.
Пожарникарите ги извлекле сите повредени од урнатините, а 16 лица се префрлени во болница за натамошна медицинска нега.
Уривањето се случило околу 00:20 часот на адреса Амело 34. Поради опасноста, зградата и двете соседни згради биле евакуирани, но станарите на соседните објекти се вратиле во своите домови во текот на ноќта.
Службите истражуваат што предизвикало уривање на катот, а инцидентот предизвика голема тревога меѓу локалните жители.

















