ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ: Ова е причината!

ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ: Ова е причината!

Полициски службеници од СВР Скопје во текот на 12 и 13 мај привеле три лица на различни локации во главниот град, откако кај нив била пронајдена марихуана.

Станува збор за две лица од Скопје, на возраст од 32 и 20 години, како и едно лице на возраст од 26 години од село Студеничани. При извршените контроли, кај нив била пронајдена и одземена дрогата, по што веднаш биле лишени од слобода.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци против приведените лица.