На 23.01.2026 година, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода двајца мажи од Куманово – М.М. (68) и Д.Б. (51). По добиена судска наредба, извршен е претрес во викендица во село Младо Нагоричане, сопственост на М.М., каде бил пронајден околу еден килограм амфетамин.
Според полицијата, дрогата била оставена на чување од Д.Б., кој исто така беше приведен. Двајцата се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.



















