ПРВ.мк
Црна Хроника

Состојбата е алармантна – грипот регистрира рекордни бројки во текот на неделата!

Состојбата е алармантна – грипот регистрира рекордни бројки во текот на неделата!
Kristal

Македонските здравствени установи се соочуваат со засилен бран на сезонски грип и респираторни инфекции, кои веќе сериозно го оптоваруваат здравствениот систем.

Според Институтот за јавно здравје, во третата недела од 2026 година регистрирани се 2.062 нови случаи, што е благ пад во споредба со претходната недела, но сепак бројот на заболени е за 46% поголем од истиот период лани. Епидемиолозите предупредуваат дека ниската стапка на вакцинација го засилила интензитетот на оваа сезона.

Во Универзитетскиот клинички центар во Скопје дневно се прегледуваат над 400 пациенти со висока температура и респираторни проблеми. Се забележуваат сè почести случаи кај млади лица кои завршуваат на болничко лекување. Досега се потврдени два смртни случаи кај повозрасни пациенти со претходни хронични заболувања од Скопје и Кавадарци, кои не биле вакцинирани.

Најзасегнати градови се Скопје, Тетово, Охрид, Битола и Куманово, а висока активност на вирусот е забележана и во Дебар, Свети Николе и Кавадарци. Најголем број заболени се на возраст од 15 до 64 години, но вирусот сериозно се шири и кај децата, што доведе до празни училишни клупи на почетокот на второто полугодие.

Во Тетово, околу 610 ученици отсутствуваат од настава, а состојбата е најкритична во основното училиште „Лирија“, каде во одредени паралелки отсуствуваат и по 13 ученици. Министерството за образование наведува дека состојбата сè уште не налага продолжување на распустот, но апелира до родителите да не ги пратат децата на настава доколку покажуваат симптоми на инфекција.

Министерството за здравство и лекарите ги повикуваат граѓаните на:

  • редовна хигиена
  • избегнување затворени простории со многу луѓе
  • вакцинација за ризичните групи

Целта е да се намали притисокот врз здравствениот систем и да се спречат дополнителни компликации од грипот.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo