Полицијата во Белград трага по 14-годишниот Вукашин Среќковиќ, кој исчезнал денеска по полагањето на малата матура.
Според информациите од семејството, ученикот од Основното училиште „Ѓура Јакшиќ“ на Канарево Брдо последен пат бил виден околу 10:30 часот, по завршувањето на испитот. Оттогаш не се вратил дома, по што случајот веднаш бил пријавен во полиција.
Семејството упати апел до граѓаните да помогнат во потрагата.
„Не се врати дома по полагањето. Ве молиме, ако некој го видел или има каква било информација каде би можел да се наоѓа, веднаш да ја извести полицијата“, наведуваат блиските на момчето.
Во моментот на исчезнувањето, Вукашин бил облечен во сина маица, црни тренерки и црни патики. Висок е околу 175 сантиметри и тежок околу 80 килограми.
Доколку некој има каква било информација што може да помогне во неговото пронаоѓање, потребно е веднаш да ја контактира најблиската полициска станица.







