ПРВ.мк
Црна Хроника

ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Момчиња од Битола договарале средби со лица, снимале и ги понижувале - еве како ги ловеле педофилите!

ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Момчиња од Битола договарале средби со лица, снимале и ги понижувале - еве како ги ловеле педофилите!

Во Битола, група млади лица се сомничат дека со месеци користеле лажен профил на социјалните мрежи, претставувајќи се како 14-годишно девојче, со цел да намамат возрасни лица на договорени средби, информира Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, лицата кои се појавувале на договорените локации не се среќавале со малолетно девојче, туку биле пресретнувани од групата млади, снимани со камера, вербално нападнати и изложувани на јавно понижување. Подоцна, снимките биле објавувани на интернет заедно со нивни лични податоци.

МВР наведува дека ваквите активности се одвивале подолг период, при што оштетените лица биле доведувани во заблуда преку лажниот профил, по што биле изложени на психичко малтретирање, навреди и принуда да даваат изјави со компромитирачка содржина.

Против групата се поднесени кривични пријави за повеќе дела, меѓу кои насилство, злоупотреба на лични податоци, неовластено снимање и самовластие. Полицијата го документира случајот и работи на целосно расчистување на настанот.