Тешка сообраќајна несреќа се случи на Халкидики, при што животот го загубија мајка, татко и нивното бебе. Трагедијата предизвика шок во Грција, а на местото на несреќата веднаш интервенирале полицијата, пожарникарите и екипи на итната медицинска помош.
Според првичните информации, несреќата била со фатални последици за трите членови на семејството. Надлежните служби спроведуваат истрага за да ги утврдат точните околности и причините што довеле до трагедијата.
Грчките медиуми објавија и видео од местото на несреќата, додека сообраќајот на делницата бил привремено отежнат поради увидот и расчистувањето на теренот.







