ПРВ.мк
Црна Хроника

Паника во познато летувалиште: Три млади девојки убиени за само две недели - полицијата со мрачни детали!

Паника во познато летувалиште: Три млади девојки убиени за само две недели - полицијата со мрачни детали!

Страв и неизвесност се шират во мексиканското летувалиште Puerto Vallarta, откако во изминатите недели беа пронајдени телата на три млади жени под сомнителни околности, што ги поттикна шпекулациите дека зад злосторствата можеби стои сериски убиец.

Според информациите од истрагата, сите жртви биле жени на возраст меѓу 20 и 30 години. Нивните тела биле пронајдени делумно соблечени и оставени на изолирани локации во различни делови од градот и неговата околина, што дополнително ја зголемило загриженоста кај локалното население.

Првата жртва била откриена на 10 мај во близина на познат видиковец во Пуерто Ваљарта. Само неколку дена подоцна било пронајдено и второ тело покрај автопат во регионот. Третиот случај бил регистриран на земјен пат во населбата Парк Лас Палмас, каде било пронајдено телото на 22-годишна девојка која претходно била пријавена како исчезната.

Поради сличностите меѓу случаите, истражителите внимателно ги анализираат сите докази за да утврдат дали станува збор за поврзани убиства. Во рамки на истрагата се прегледуваат снимки од безбедносни камери, се собираат форензички докази и се испитуваат движењата на жртвите пред нивното исчезнување.

Властите не ја исклучуваат можноста жените да биле убиени на други локации, а потоа нивните тела да биле донесени и оставени во близина на Пуерто Ваљарта. Исто така, се разгледуваат повеќе сценарија, меѓу кои можноста зад злосторствата да стои едно лице, но и потенцијална организирана криминална група.

Случајот предизвика огромно внимание и во Мексико и во САД, бидејќи Пуерто Ваљарта важи за една од најпознатите и најпосетени туристички дестинации во земјата. Градот секоја година привлекува милиони домашни и странски туристи поради плажите, хотелите и туристичката понуда.

Додека истрагата продолжува, локалните жители бараат побрза реакција од безбедносните служби и целосно расветлување на случаите, стравувајќи дека доколку убиствата се поврзани, можно е да има и нови жртви. Засега властите не потврдиле дека станува збор за сериски убиец, но признаваат дека сите околности внимателно се проверуваат како дел од тековната истрага.