ПРВ.мк
Црна Хроника

Познати деталите за хаосот на автопатот Тетово–Скопје: Тешко повредено дете, петмина завршија во болница

Познати деталите за хаосот на автопатот Тетово–Скопје: Тешко повредено дете, петмина завршија во болница

Министерството за внатрешни работи објави нови информации за тешката сообраќајна несреќа што вчера предизвика голем застој на автопатот Тетово–Скопје, во близина на наплатната рампа кај Глумово.

Според полициското соопштение, несреќата се случила околу 19:30 часот, при судир меѓу „Фолксваген Кеди“ со скопски регистарски таблички, управуван од 33-годишниот А.И. од Скопје, и „Фолксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 39-годишната Л.А. од селото Патишка Река.

Во судирот малолетен сопатник од „Голфот“ се здобил со тешки телесни повреди, додека со полесни повреди се здобиле двајцата возачи, 24-годишниот сопатник М.А. и уште една малолетна сопатничка од истото возило.

Повредените биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „8 Септември“, каде им била укажана лекарска помош.

Поради несреќата, сообраќајот на автопатот се одвиваше отежнато, а на делницата се формираа километарски колони. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а причините за несреќата се утврдуваат.