ПРВ.мк
Црна Хроника

Почина легендарниот тренер - ја загуби битката со ракот

Почина легендарниот тренер - ја загуби битката со ракот

Францускиот фудбал остана без едно од своите најпочитувани имиња. Тренерот на Брест, Ерик Рој, почина на 58-годишна возраст по долга и тешка борба со рак на панкреасот, соопшти неговото семејство.

Рој повеќе од три години се борел со болеста, но тоа го чувал во тајност додека го предводеше Брест до најголемиот успех во историјата на клубот.

„Цело тоа време продолжи да живее со сила што нè восхитуваше, воден од љубовта кон семејството, фудбалот и страста од која никогаш не се откажа“, стои во соопштението на семејството.

По десетгодишна пауза, Рој се врати на тренерската работа во 2023 година и го презеде Брест. И покрај ограничениот буџет, успеа да го одведе клубот до историското трето место во француската Лига 1 и пласман во Лигата на шампионите за сезоната 2024/25.

За овој извонреден успех беше прогласен за најдобар тренер во француското првенство во 2024 година.

Пред Брест, Рој ја водеше и Ница, а како фудбалер настапуваше за Марсеј, Лион и англискиот Сандерленд.

Неговата смрт претставува голема загуба за францускиот и европскиот фудбал.