ПРВ.мк
Црна Хроника

Нови мрачни детали за убиство во скопско - еве како го извршил убиството!

Нови мрачни детали за убиство во скопско - еве како го извршил убиството!

Скопската полиција уапси 19-годишен жител на селото Бојане, осомничен дека со огнено оружје го убил 18-годишниот Б.Д., исто така од Бојане, во трагичен случај што ја потресе јавноста.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, убиството се случило на 15 мај во шумска област во близина на Сарај, а случајот бил откриен откако таткото на осомничениот сам ја известил полицијата.

На 17 мај, околу 00:50 часот, полициски службеници го лишиле од слобода М.Б. (19), откако неговиот татко пријавил на бројот 192 дека синот му признал дека го извршил делото.

По преземените мерки, полицијата ги пронашла телото на жртвата, како и оружјето за кое постои сомнение дека било употребено при убиството.

Осомничениот го признал делото, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за „убиство“ согласно член 123 од Кривичниот законик.

Од Основното јавно обвинителство соопштија дека веќе е побаран 48-часовен краткотраен притвор, поради сериозноста на делото и опасноста од бегство, можност за влијание врз сведоци, прикривање докази, како и ризик од повторување на кривичното дело.

Во тек е интензивна истражна постапка за целосно расчистување на мотивите и околностите под кои дошло до убиството, додека по наредба на обвинителството ќе биде извршена и обдукција на телото на починатиот.

Случајот предизвика шок во локалната заедница, особено поради возраста на инволвираните и фактот дека станува збор за момчиња од исто село.