ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО ЗАТВОРОТ: Егзекуцијата пропадна по хаотичен обид! - Еве ги деталите

ДРАМА ВО ЗАТВОРОТ: Егзекуцијата пропадна по хаотичен обид! - Еве ги деталите

Во американската држава Тенеси во последен момент беше прекината егзекуцијата на осуденик на смрт, откако затворските службеници не успеале да ја спроведат смртоносната инјекција.

Според американските медиуми, службениците повеќе од еден час се обидувале да постават интравенска линија кај 57-годишниот Тони Вон Карутерс, кој бил префрлен во затвор со максимална безбедност во Нешвил за извршување на казната. По неуспешните обиди, постапката била прекината, а затвореникот бил вратен назад во ќелијата.

Локалните власти објасниле дека успеале да постават една интравенска линија, но не и резервната која е задолжителна според протоколот за смртоносна инјекција.

По драматичниот развој на настаните, гувернерот на Тенеси, Бил Ли, одлучил да ја одложи егзекуцијата за една година.

Случајот повторно отвори жестока дебата во САД околу смртната казна и начинот на извршување на егзекуциите. Организацијата „Реприв“, која се бори против смртната казна, соопшти дека ова е уште еден доказ дека смртоносната инјекција не е „хуман“ метод како што често се претставува.

Карутерс бил осуден на смрт поради киднапирање и убиство на три лица во 1994 година.