На 26.12.2025 во 10:15 часот, 58-годишен маж од Виница пријавил дека бил измамен за сума од 4.400 евра.
Според пријавата, во текот на октомври 2025 година, тој во три наврати му ја дал сумата на лице идентификувано како Г.З., кој се претставил дека е од Чаир – Скопје. Во замена, Г.З. требало да му увезе возило од Швајцарија.
Откако возилото не било доставено, пријавителот сфатил дека бил измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
















