ПРВ.мк
Црна Хроника

ГРАДЕЖЕН СКАНДАЛ: Кривична пријава за две лица од Охрид - еве колку градби направиле нелегално!

ГРАДЕЖЕН СКАНДАЛ: Кривична пријава за две лица од Охрид - еве колку градби направиле нелегално!
Kristal

СВР Охрид поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Охрид против двајца лица, на возраст 61 и 62 години, жители на Охрид, поради сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244-а став 1 и „симнување или оштетување на службен печат или знак“ по член 389 од Кривичниот законик.

На 12 март 2021 година, овластен градежен инспектор од Одделението за инспекциски надзор на Општина Охрид извршил увид на парцела во Велестово, каде констатирал дека двата пријавени лица како инвеститори градат станбен објект од втора категорија без правосилно Одобрение за градба.

На 19 март 2021 година, инспекторот поставил службена лента и табела за затворање на градилиштето, со податоци од предметот за бесправна градба.

При повторен инспекциски надзор на 30 март 2021 година било утврдено дека градбата не била продолжена, но службената лента и табелата биле незаконски отстранети од градилиштето, со што се стекнале основи за кривична постапка против двајцата осомничени.

FixCredit
Escape