ПРВ.мк
Црна Хроника

Разбиена мрежа за измами со брзи кредити: Во шемата учествувал и вработен во ФЗО - еве ги деталите

Разбиена мрежа за измами со брзи кредити: Во шемата учествувал и вработен во ФЗО - еве ги деталите

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненија против шест лица и предложи казнен налог за уште 33 лица поради сомнение за организирана измама со брзи кредити, која според истрагата траела од 2022 година.

Според Обвинителството, осомничените користеле компјутерска апликација за внесување невистинити податоци во системите на повеќе финансиски друштва. Во шемата, како што се наведува, им помагал и вработен во Фондот за здравствено осигурување, кој обезбедил пристап до потребни податоци од електронскиот систем.

Со користење лажни исправи и злоупотреба на лични податоци на граѓани, осомничените подигале брзи кредити на туѓо име, при што незаконски се стекнале со околу 50.000 евра.

Од Обвинителството информираат дека за четири лица истрагата е запрена – за двајца поради недостиг на докази за нивна вмешаност, а за уште двајца затоа што починале во текот на постапката.

Надлежните институции продолжуваат со судската постапка против останатите осомничени.