ПРВ.мк
Црна Хроника

Инвеститор и инспекторка под лупа по случај со нелегална градба - еве кој го прикривал и зошто!

Инвеститор и инспекторка под лупа по случај со нелегална градба - еве кој го прикривал и зошто!

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Б. (58), едно правно лице и Л.Т. (61), сите од Куманово, поради сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според полициските информации, првопријавениот, во својство на управител на правниот субјект и инвеститор на градежните работи, во текот на 2022 година извршил изградба на објект од втора категорија врз основа на одобрение за градење кое било издадено на друго лице.

Истрагата покажува дека при реализацијата на проектот биле направени значајни отстапувања од основната градежна документација, при што е изграден магацин со дополнителен кат, спротивно на одобрениот проект и без соодветни измени во дозволите.

Во истиот случај, третопријавената Л.Т., како градежен инспектор во Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово, се сомничи дека не ги презела законски предвидените дејствија и обврски, иако била должна да реагира на неправилностите.

Од полицијата информираат дека случајот е документиран и против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.