Полициски службеници од СВР Велес привеле 30-годишен жител на Велес, кој се сомничи дека извршил тешка кражба во верски објект во градот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, лицето било лишено од слобода на 16 јуни околу 17:15 часот, поради сомнение дека е сторител на кривичното дело.
Осомничениот бил приведен во полициска станица, а за случајот бил известен надлежен јавен обвинител.
По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.








