ПРВ.мк
Црна Хроника

АКЦИЈА НА „TASK FORCE“ КАЈ СТРУГА: Кај 23-годишен странски државјанин пронајдена голема количина марихуана - МВР со детали!

АКЦИЈА НА „TASK FORCE“ КАЈ СТРУГА: Кај 23-годишен странски државјанин пронајдена голема количина марихуана - МВР со детали!

Марихуана била пронајдена кај 23-годишен државјанин на Унгарија при контрола извршена од мобилниот тим „Task Force“ во близина на автокампот „Треска“ во Радожда.

Од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ информираат дека на 19 септември 2026 година, во рамки на мерките за спречување на недозволената трговија со дрога, припадници на мобилниот тим извршиле контрола над П.А.Л. (23).

Контролата била извршена околу 20:45 часот, во близина на автокампот „Треска“ во селото Радожда. При прегледот кај младиот унгарски државјанин била пронајдена марихуана.

За случајот биле известени јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга и судија на претходна постапка од Основниот суд Струга.

Од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ најавуваат дека по целосното документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести