ПРВ.мк
Црна Хроника

Судир на два автомобила на патот Неготино–Демир Капија - МВР со детали

Судир на два автомобила на патот Неготино–Демир Капија - МВР со детали

Во утринските часови на 7 мај 2026 година се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат Неготино – Демир Капија, во која учествувале две патнички возила.

Според информациите од полицијата, несреќата е пријавена во 08:20 часот во ОВР Неготино. Судирот се случил помеѓу возило „даеву тико“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 74-годишниот Д.М. од Неготино, и возило „рено“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот Ј.Т., исто така од Неготино.

Во несреќата најтешко е повреден возачот на „даеву тико“. Тој се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен и прегледан во Општата болница во Кавадарци.

На местото на настанот интервенирала увидна екипа од ОВР Неготино, која извршила увид и работи на утврдување на причините за сообраќајната несреќа.

Случајот е во понатамошна постапка, а надлежните институции продолжуваат со истрагата за околностите под кои дошло до судирот.