ПРВ.мк
Црна Хроника

Физички напад во училиштен двор во Скопје: Малолетник повреден - МВР со детали!

Физички напад во училиштен двор во Скопје: Малолетник повреден - МВР со детали!

Во СВР Скопје е пријавен инцидент кој се случил во училишен двор во скопско село, при што малолетно дете било физички нападнато.

Според пријавата поднесена од 37-годишна жителка на село Долно Количани, на 9 мај 2026 година околу 12:30 часот, нејзиниот малолетен син бил нападнат во дворот на основно училиште.

Како што е наведено, инцидентот го сторило лице од село Пагаруша, при што освен физичкиот напад, бил оштетен и тротинетот на детето.

Случајот е пријавен во полиција, по што надлежните служби започнале со собирање информации и документирање на настанот.

Од полицијата информираат дека по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против сторителот.