ПРВ.мк
Црна Хроника

ИНЦИДЕНТ НА БИТ ПАЗАР: Жестока тепачка меѓу боречки клубови - ова е бројот на повредени!

ИНЦИДЕНТ НА БИТ ПАЗАР: Жестока тепачка меѓу боречки клубови - ова е бројот на повредени!

Вистински хаос се случил синоќа на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, кога дошло до физичка пресметка меѓу членови на два боречки клуба, во која повеќе лица биле повредени.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен на 30 мај околу 21:30 часот во СВР Скопје. Т.Р. (19) од Скопје пријавил дека тој, неговиот татко, брат и уште неколку лица од еден клуб биле нападнати од Ј.Р., Б.Е. и повеќе други лица од спротивниот боречки клуб.

Во насилниот судир биле користени тврди и остри предмети, како и стаклени предмети, што дополнително ја зголемило тежината на инцидентот. Според првичните информации, повеќе учесници во тепачката се здобиле со повреди.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, како и за утврдување на сите околности под кои дошло до масовната пресметка.