ПРВ.мк
Црна Хроника

НЕСРЕЌА СО ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ: Малолетник тешко повреден - МВР со детали!

НЕСРЕЌА СО ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ: Малолетник тешко повреден - МВР со детали!

На 15 мај 2026 година, околу 08:00 часот, на велосипедската патека на Кејот на реката Вардар во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу два електрични тротинети.

Според информациите од СВР Скопје, тротинетите ги управувале 62-годишната С.С. и 12-годишно дете, двајцата од Скопје.

Во несреќата, жената се здобила со тешки телесни повреди, додека малолетникот бил полесно повреден. Повредите биле констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје, која работи на целосно расчистување на случајот.