ПРВ.мк
Црна Хроника

ЖЕНА НАПАДНАТА ВО ТЕТОВО ПО РАСПРАВИЈА ВО СООБРАЌАЈОТ: Еве што се случило

ЖЕНА НАПАДНАТА ВО ТЕТОВО ПО РАСПРАВИЈА ВО СООБРАЌАЈОТ: Еве што се случило

Триесет и осумгодишна жена од Тетово била физички нападната по недоразбирање во сообраќајот, информираат од СВР Тетово.

Инцидентот се случил на 12 мај околу 20:10 часот на улицата „Браќа Миладинови“, каде по расправија со друго лице во сообраќајот, таа била нападната од женско лице.

По настанот, повредената побарала лекарска помош во Клиничката болница во Тетово, од каде случајот бил пријавен во полиција.

Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.