ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА ВО РАКОМЕТОТ: Автобус со ракометари се преврте во Естонија - ова е бројот на повредени!

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА ВО РАКОМЕТОТ: Автобус со ракометари се преврте во Естонија - ова е бројот на повредени!
Kristal

Автобусот со кој членовите на машката ракометна репрезентација на Кипар патувале од Талин кон Пилва во Естонија, веројатно поради снежни услови на патот, се превртел, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Кипарската ракометна федерација истакнуваат дека нема сериозно повредени, иако двајца членови на делегацијата биле пренесени во болница за дополнителна проверка. Сите други членови на тимот се во добра состојба. Федерацијата додаде дека ги презема сите потребни мерки за безбедно враќање на делегацијата во Кипар.

Амбасадата на Кипар во Финска, која покрива и Естонија, е во контакт со федерацијата и изрази подготвеност за помош.

Несреќата се случила во раните утрински часови, а видеа и фотографии од местото на настанот покажуваат дека патот бил под снег.

Реванш натпреварот со Естонија во рамките на Promotion Round за ЕХФ ЕУРО 2028 е закажан за утре во 19 часот, но федерацијата води консултации за тоа дали мечот ќе се одигра.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

FixCredit
Escape