ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) Шокантни детали за убиството во Скопје: Осомничениот тврдел дека е пророк

(ФОТО) Шокантни детали за убиството во Скопје: Осомничениот тврдел дека е пророк

Излегуваат нови детали за семејната трагедија што се случи во Скопје, каде 31-годишен маж е осомничен дека смртно го избол својот татко по семејна расправија.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, трагедијата се случила во семејниот дом, откако, според првичните сознанија, 52-годишниот татко, кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата сопруга. Во обид да ја заштити мајката, синот наводно употребил нож и му нанел смртоносни повреди.

Според информации што ги пренесуваат дел од медиумите, повикувајќи се на извори од истрагата, починатиот и претходно бил пријавуван за семејно насилство.

Истите извори наведуваат дека осомничениот подолг период имал нарушена психичка состојба и на блиски лица им тврдел дека е пророк, барајќи од нив да постапуваат според неговите убедувања. Овие информации засега не се официјално потврдени од надлежните институции.

Дополнително, според медиумските информации, починатиот пред извесно време поднел барање за промена на личното име, со кое сакал името „Едем Лукмани“ да го промени во „Авни“.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, додека осомничениот се наоѓа во полициски притвор. Надлежните институции продолжуваат со истрагата, која треба да ги утврди сите околности под кои се случила семејната трагедија.