ПРВ.мк
Црна Хроника

Вознемирувачки случај во струшко: Маж физички нападнал 10-годишно дете

Вознемирувачки случај во струшко: Маж физички нападнал 10-годишно дете

Против 35-годишен жител на струшкото село Шум е поднесена кривична пријава поради сомнение дека извршил кривично дело „насилство врз дете“, соопштија од ОВР Струга.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 15 мај 2026 година, околу 12 часот, на локален пат во селото Заграчани.

Како што се наведува, осомничениот физички нападнал 10-годишно дете од истото село.

По преземените мерки и целосното документирање на случајот, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 35-годишникот по член 201-а од Кривичниот законик, кој се однесува на насилство врз дете.

Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.