Шеесет и деветгодишен жител на Велес е приведен откако во алкохолизирана состојба го нарушувал јавниот ред и мир и не ги почитувал наредбите на полициските службеници.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 12 јули околу 21:30 часот на улицата „Стеван Гајдов“ во Велес, каде полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ј.Т. (69).
При преземените мерки било утврдено дека мажот бил под дејство на алкохол, при што со алкотест му биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.








