ПРВ.мк
Црна Хроника

ПИЈАН ТРАКТОРИСТ ПРЕДИЗВИКА ДРАМА: Aгресија кон полицајци во Берово!

ПИЈАН ТРАКТОРИСТ ПРЕДИЗВИКА ДРАМА: Aгресија кон полицајци во Берово!

Во текот на изминатото деноноќие, полицијата спроведе засилена акција на територијата на целата држава, при што биле лишени од слобода девет возачи поради сериозни сообраќајни прекршоци.

Според информациите од МВР, шест лица управувале возила без возачка дозвола, двајца имале активна забрана за управување, додека еден возач бил фатен под дејство на алкохол.

Најсериозниот случај е регистриран во Берово, каде тракторист со 1,74 промили алкохол во крвта агресивно се однесувал кон полициски службеници при интервенција.

Полицијата најави дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, а апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила со цел зголемување на безбедноста на патиштата.