Сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „Мерцедес“ и автобус на ЈСП попладнево предизвика сериозен метеж во близина на Чаирчанка во Скопје.
Според првичните информации, автомобилот со голема силина удрил во автобусот, по што сообраќајот во овој дел од градот се одвивал отежнато, со долги колони и застои.
На местото на настанот излегла полиција која врши увид и работи на утврдување на причините за несреќата.
Засега нема официјални информации дали има повредени лица, ниту колкава е материјалната штета.






